Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми во северна Русија Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.Патничкиот воз број 511 патувал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.„Итната помош се на терен. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е прекинат“, соопштија надлежните.
#BREAKING #Russia A passenger train derailed in Russia’s Komi Republic, injuring several people. Preliminary reports suggest the railway embankment was washed away by water. pic.twitter.com/5OwZ1WNMYA— The National Independent (@NationalIndNews) June 26, 2024
Руските медиуми објавија и дека обвинителството покренало истрага за причините за инцидентот. Возот имал 14 вагони со вкупно 232 патници.