Тешка несреќа во Прилеп, автомобил прегази шестгодишно дете

На улица „Војводинска“ во Прилеп во 15:45 часот се случила тешка сообраќајна несреќа, кога патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот С.Ѓ. удрило во шестгодишно дете од Прилеп.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Градската болница Прилеп, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.