Страшна сообраќајна несреќа се случи синоќа во Прилеп околу 22:30 часот на раскрсницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“ помеѓу возило “Фиат Пунто“ со прилепски регистарски таблици и комбе кое превезувало патници, исто така со прилепски таблици, пишува порталот “Инфо Компас“.
Според првичните и неофицијални информации во несреќата нема жртви, но повредени биле 10-тина лица. До несреќата дошло кога од засега непознати причини се случил директен судир помеѓу комбето и автомобилот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.
Извор: Инфо Компас