Во сообраќајна несреќа што во 14:10 часот се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево на излезот од Гостивар, во близина на Каменоломот кај превојот Стража, повредени биле десетина лица.
Според првичните информации на полицијата во сообраќајката учествувале еден автомобил „Голф“, еден автомобил „Пасат“ и едно комбе.
Како што изјавил портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, заради увидот кој го вршела полицијата од ПС Гостивар сообраќајот бил во прекин .