На 08.05.2019 година во 15:00 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, во атар на с.Кркља, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(65) од Скопје и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(32) од Крива Паланка.
Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом-Крива Паланка, каде околу 15:50 часот починал. Сопатничката од истото возило, К.С.(62) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.