Шеесет и петгодишен маж од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на локалниот пат помеѓу селата Кучевиште и Кучевишка Бара.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата е пријавена во Полициската станица во Скопјe на 17 февруари 2026 година во 15:20 часот, во која учествувале патничко возило „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П. (65) од Скопјe, и патничко возило „Фолксваген Голф“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (57) од с. Кучевиште.
„Возачот на Фордот починал на местото на несреќата, додека смртта ја констатирал лекар од Итната помош. Возачот на Фолксвагенот се здобил со телесни повреди, кои се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопјe.“
„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека увидна екипа од Полициската станица во Скопско извршила увид на местото на настанот“, соопшти МВР.
The post Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, еден загинат и еден тешко повреден appeared first on Во Центар.



