Тешка сообраќајна несреќа на патот Мавровска крстосница – Дебар

На 25.09.2024 во 00.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Мавровска крстосница – Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од АФ.(23) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(33) од Дебар

. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Д.(22) од Дебар, сопатничка во возилото „ауди“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „ауди“ – С.Ф.(44) од Тетово, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид и во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

Пронајдете не на следниве мрежи: