Утрово околу 07:00 часот на наплатната станица Тетово-Гостивар се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина едно лице, а уште четири се повредени.
Од тетовската болница за „Тетова1“ откриваат дека кај нив се донесени 4 повредени лица, една жена и тројца мажи.
Полициски извори за порталот „Тетова1“ откриваат дека жената која утрово загина во сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар е од Кичево. Сега веќе починатата, управувала патничко моторно возило “Мерцедес“, а останатите четворица со “Туарег“ од околината на Дебар патувале кон скопскиот Аеродром.
Како што информираат од „Тетова1“ во Клиничката болница во Тетово хоспитализирани се: Арбен Клобучишта, Мерсим Колеци, Ариф Колеци и Блериме Клобучишта.