„Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила Филиповска, водителката на популарното шоу „Се или нешто“ и младиот и талентиран пејач Филип Пешевски.
Ова не е првпат Филиповска да вплови во музичките води. Во 2003 година со водителот Александар Блажевски ја претставија песната „Енигма“.
„Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариетра. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – вели Лила.
Пешевски е автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов. За песната е реализран и видео клип во режија на „Томато продукција“. Во улога на продуцент, за првпат се јавува Зоран Василвски -Фаци.
Идејата ми беше да направам високо буџетен спот. Да покажеме дека и ние имаме убави жени и добри пејачи кои треба да ги промовираме надвор од Македонија. Да покажеме дека имаме мода и луксуз како сите земји од Балканот но и подалеку. Спотот е сниман на повеќе локации во Скопје. Лила се појавува со четири аутфита. Има дел во кој игра со танчерки како Џеј Ло. Наскоро следува официјална промоција на песната и спотот во луксузниот „Ми Каса“ на Кале. Ќе ја направиме во стилот на светските промоции – открива Василевски…