Тешко повредени четири тинејџерки, возилото излетало од патот кај с.Истибања

Четири девојчиња на 18 и 19-годишна возраст се тешко повредени во сообраќајна несреќе во близина на виничкото село Истибања, кога 22-годишниот возач изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Ноќеска во 02.30 часот на магистралниот пат Превалец – с.Истибања, виничко, на место викано „Гара“, атар на с.Истибања, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(22) од Македонска Каменица, изгубило контрола и излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките А.А.(19) од с.Моштица, општина Македонска Каменица, В.С.(19) од Македонска Каменица и С.А.(19) од Македонска Каменица, додека Ј.П.(18) од Македонска Каменица се здобила со телесни повреди.
Тие биле пренесени во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница, соопшти МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.