Тешко повреден велосипедист на патот Кичево – Македонски Брод

Со тешки повреди се здобил велосипедист во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.
Во несреќата учествувале „Ауди А6“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од М.Ф.(55) од Кичево и велосипед управуван од С.Л.(73) од Кичево.
“Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.