недела, 29 ноември 2026
Најново

Тешко повреден работник во хала во Неготинско

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повреден бил работник во хала во Неготинско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, Неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стопански комплекс во близина на село Црвени Брегови, Неготинско. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

Поврзани вести