Те оставив затоа што те сакам! Намерно те уништив, за да се родиш повторно

Те уништив. Не’ раздвоив на најсуровиот начин кој некој може да го направи: ладно, тивко и брзо. Те оставив без одговори и објаснувања и ти ја уништив душата.
Можеби е тешко да се поверува, но ме повреди исто како што те повредив и јас тебе. Никогаш не сакав да те гледам како патиш и никогаш не сакав да си одам. Никогаш не ми беше намерата да те пуштам да се распаднеш, но не ми е жал што го направив тоа.
Заслужуваш објаснување и сега конечно можам да ти го дадам. Ова се причините заради кои не ми е жал што ти го скршив срцето.
Не ја виде разликата
Како што стареевме, така се повеќе ја гледав разликата. Почнавме со огромна заљубеност, подготвени да се одречеме заедно од се, само за да бидеме заедно. Но, тоа не е ситуација која траеше. Почна да опишуваш живот кој не се поклопуваше со мојот. 100 пати разговаравме за нашите желби, но ниту еден од нас не беше подготвен да се помести. Мислеше дека се ќе биде во ред, но знаев дека тоа ќе почне да ме навредува во одреден момент.
Бевме премногу млади
Младата љубов е најопасна затоа што мислиме дека таква треба да биде љубовта. Во некоја смисла, тоа е точно, но реално се уште не сме искусиле ништо од животот. Постојат толку многу работи кои сакавме да ги пробаме, но сите тие требало да ги искусиме сами. Ти сакаше да испробуваш работи со кои јас не се сложував, а јас сакав работи кои ти мислеше дека се глупави. Полека го палевме огнот кој на крајот не изгоре до самиот темел.
Ти би се променил
Ме сакаше и јас те сакав тебе. Толку се сакавме еден со друг, што сакаше да промениш се што си за да бидеш со мене. Тоа можеби звучи како добра работа, но всушност е навистина трагична. Не можеш да го менуваш тоа што си во суштината само за да бидеш со некој што го сакаш. Личноста треба да се сака баш заради тоа што е во суштината, а не заради тоа што некој друг сака таа да биде.
Никогаш не се симна од облаците
Ова е навистина зезнато. Луѓето секогаш велат дека во врската треба секогаш да бидете како на седмо небо, но тоа не е вистина. Треба и да се расправате, да не се согласувате и да имате спротивни мислења и ставови. Треба да бидете во состојба да прифатите дека врската не може и не треба да биде совршена, затоа што во тешките моменти таа созрева – исто како и вие со неа. Ние никогаш не се каравме, а кога постоеше шанса за тоа, се се средуваше за неколку минути.
Мислеше дека нас ништо не може да не промени. Во меѓувреме, ние се менувавме пред твоите очи. Знаев дека нас ќе не уништи и најмалиот проблем. Живеевме во лажен сон кој беше предодреден да стане ноќна мора.
Ми беше потребно да ме мрзиш
Те гледав како плачеш на начин на кој не верував дека некој ќе плаче за мене. Ти реков ужасни работи и те размонтирав на делови. Ти реков дека постои некој друг. Тоа го направив намерно, затоа што ако не ме замрзеше, никогаш немаше да можеш да продолжиш понатаму. Никогаш не сакав да ме мразиш, но морав да го направам тоа. Требаше да почнам да ти се гадам и при самата помисла на мене за да можеш мирно да продолжиш понатаму.
Не постоеше друг и не беше ништо од тоа што ти го кажав. Немаше друг начин и успеа. Ме мразиш повеќе отколку што си можел да замислиш и продолжи понатаму.
Заслужуваш подобро
Престанав да те сакам. Тоа е најголемата вистина. Кога те гледав, не бев преплавена со среќа. Не ми беше важно ни дали сум те видела или зборувала со тебе. Не ми недостасуваше. По 2 години, едноставно се избледе. Ме сакаше на начин на кој не можев да ти возвратам. И тоа не беше фер, затоа што ја знаев јачината на твоите емоции. Тоа беа длабоки емоции и заслужуваш некоја кој ќе го чувствува истото. Таа личност не сум повеќе јас.
Никогаш не сакав вака да заврши, но мораше. Ти си сега во врска со некоја друга и кога ќе ги погледнам сликите, ја гледам твојата стара насмевка. Среќен си без мене и верувам дека ќе најдеш некоја која ќе те сака како што заслужуваш: 100 посто, без сомнежи и засекогаш.
Добро си баш заради тоа што те скршив. Ете затоа не ми е жал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.