Те сакам татко – кратка приказна за љубовта

Имам татко каков што само можев да посакам. Тој е прекрасен сопруг (секогаш изнудува насмевка кај мајка ми), присуствуваше на сите мои фудбалски натпревари уште од мои 5 години (а денес имам 17), и секогаш ги завршува потешките обврски во домот. Утрово, додека низ неговите алати барав клешти, во кутијата најдов едно старо парче хартија.
Тоа беше извадок од неговиот стар дневник напишан еден месец пред да се родам. На него пишуваше: „Имам осумнаесет години, алкохоличар сум, не можам да се запишам на факултет, бев малтретиран како дете и имам криминално досие поради кражба на автомобил. За еден месец на оваа листа ќе додадам и татко-тинејџер. Но, се колнам дека ќе се променам заради моето мало девојче. Ќе бидам таткото кој никогаш сум го немал.“
Не знам како му успеало, но му успеало.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.