За трговија со дрога и оружје се апсат осомничени лица во чии домови, а и на други места утрово во Струга влегоа припадници на Тигар, Специјалната антитерористичка единица при МВР.
- Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја стресе Босна и Херцеговина
- Се запали угостителски објект во центарот на Охрид
- „Илон, извади ги тие ракетни бродови“: Трамп вети дека ќе оди на Марс ако биде избран за претседател
- Нетанјахy: Го погодивме Xезболах на начин што не можеа ни да замислат
- „Русите ќе зажалат што биле со него“, екс портпаролот на Газпром се претвори во украински ловец – има порака до Путин
Детали за идентитетот на лицата кои се мета на полицијата поради сомнежи за вмешаност во криминал со оружје и дрога, како и тоа дали веќе се познати на органите на прогонот или се лица кои прв пат биле под оперативна обработка и следење на полицијата, ќе следуваат откако ќе заврши акцијата. Како што веќе објавивме утрово во Струга се спроведува голема полициска акција во која специјалците веќе привеле дваесетина криминалци.
Од Министерството за внатрешни работи офоцијално потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.