ТИЕ САКААТ ДА СЕ САМОУБИЕМЕ! – Виктор Орбан одби директна наредба на Европската унија

Иако Европската унија сугерираше да ги олабави врските со Кина, Унгарија упорно одбива да го стори тоа, а сега се чини дека таквиот потег ќе се исплати. Имено, Унгарија и Германија – се натпреваруваат да бидат домаќин на првата европска фабрика на кинескиот производител на автомобили BYD. Според Politico, компанијата треба да објави официјално за се до крајот на годината.

Државна лотарија или приватен бизнис на Мицкоски, Муцунски и Климовски?
Што е мотивот за поставување на Александар Климовски за директор на Државна лотарија на Македонија и кој сѐ е испреплетен во пајажината Касинос Аустриа? На почетокот на август годинава професорот …
(Видео) Пратеник во српското Собрание го гаѓаше со Устав министерот за локална самоуправа
Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот за локална самоуправа со Уставот, објавија српските медиуми. Пратеникот Александар Јовановиќ Ќута ја фрли Збирката на правилници кон клупите каде што седеа членовите …

Кинескиот производител на батерии CATL минатата година одлучи да изгради своја фабрика вредна дури 7,3 милијарди евра во источниот унгарски град Дебрецен. И други кинески компании во синџирот на снабдување со електрични возила – Nio, Eve Energy, Huayou Cobalt, BYD и Ningbo Zhenyu Technology – најавија нови фабрички проекти во таа земја.

Владата на Унгарија истакнува дека Кина е водечки странски инвеститор во нивната земја од 2020 година, но Будимпешта сега сака повеќе од тоа – така што не е изненадување што унгарските политичари толку многу се грижат нивните односи со Кина да останат мазни.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, беше единствениот лидер на ЕУ кој присуствуваше на форумот на иницијативата „Појас и пат“ во октомври, а претседателот на Кина, Си Џинпинг го нарече „пријател“ на Пекинг.

„Унгарската Влада нема да прифати никаков надворешен идеолошки притисок и секогаш ќе ги следи националните интереси“, истакна Виктор Орбан.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во јуни кажа дека секој унгарски обид да се оддалечи од Кина ќе и наштети на Европа.

„Тоа би било самоубиство на европската економија“, предупреди тој.

„Унгарската Влада се гледа себеси како мост за Кина и тоа е нешто што треба да го загрижи остатокот од Европската унија“, предупреди Дора Ѓерфи, професор по економија на Универзитетот „Корвинус“ во Будимпешта.

Виктор Орбан и Си Џинпинг

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, оваа недела се во Пекинг, каде се обидуваат да извршат притисок врз кинеското раководство поради огромниот трговски суфицит на Кина со ЕУ. ЕК, исто така, започна истрага за несоодветни субвенции за кинески електрични возила.

Во меѓувреме, напорите на унгарската Влада да привлече повеќе инвестиции од Кина предизвикуваат зголемена загриженост.

„Ваквите економски придобивки би можеле да имаат висока политичка цена. Како Русија, така и Кина може да користи каква било економска ранливост за уцена“, вели Дора Ѓерфи.

Унгарскиот министер за економски развој, Мартон Наѓ, беше во Шангај минатиот месец, каде ја прослави брзината на кинеските инвестиции во Унгарија.

„Горди сме што Унгарија е водечка дестинација за кинески деловни инвестиции во Централна Европа. Успехот на владината политика позната како ‘отворање кон Исток’ се гледа по тоа што до крајот на 2023 година повеќе од една третина од директните странски инвестиции во Унгарија ќе доаѓаат од источните земји“, изјави тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.