Тиктокерка тврди дека со помош на овој едноставен трик се ослободила од мигрената за 4 минути

Тиктокерката Андреа Едер споделила една едноставна техника која, како што вели, ѝ помогнала да се ослободи од мигрената за само 4 минути.

Таа објавила видео во кое ги потопува своите стапала во жешка вода.

„Само што научив дека на овој начин можете брзо да се ослободите од мигрената. Земете жешка вода и потопете ги стапалата во неа“, им вели таа на следбениците.
Едер напоменала дека долго време пати од мигрена и дека испробала бројни трикови за да ја ублажи истата. Овој трик го забележала на ТикТок и одлучила да го испроба, а сега тврди дека делува.

@andreaeder

Tiktok university is where its at !!!

♬ original sound – Andrea Eder

„Пред 4 минути не можев да гледам. Им благодарам на луѓето кои го споделија ова бидејќи ми го спасија животот“, додала таа на видеото кое има повеќе од 20 милиони прегледи.
Не постои научен доказ дека топлата вода, било под туш или во када, помага при мигрена. Сепак, таа може да помогне да се намали напнатоста во телото и да се намали стресот, што се две чести причини за мигрена.

Зошто се јавува мигрена?
Мигрената е вид на главоболка која предизвикува силна, пулсирачка болка, обично на едната страна од главата. Може да трае со часови, па дури и денови. Жените имаат три пати поголема веројатност да страдаат од мигрена отколку мажите.
Некои истражувања сугерираат дека намаленото ниво на естроген, кое обично се јавува кога жената има менструација, може да биде виновник за мигрена. Симптомите се различни, но мигрената често е придружена со гадење, повраќање и чувствителност на звук и светлина.
Сè уште не е јасно што предизвикува мигрена, но некои фактори вклучуваат менструација, пиење алкохол или кафе, стрес, недоволно спиење, промени во времето, одредени видови храна и лекови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.