Тимот на Трамп сoставува црната листа

Членовите на транзицискиот тим на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп прават списоци со лица кои ќе ги отпуштат од Министерството за одбрана, пишува британската новинска агенција Ројтерс.

Оваа листа е сè уште во рана фаза и може да се промени како што ќе се обликува администрацијата на Трамп, изјавија извори запознаени со транзицијата на Трамп кои побараа анонимност за да зборуваат искрено за плановите.

Еден извор ја доведе во прашање можноста за масовни отпуштања во Пентагон.

Исто така, остана нејасно дали Трамп ќе го поддржи планот, иако тој претходно зборуваше негативно за претставниците на Пентагон кои го критикуваа.

Изборниот штаб на Трамп не ги коментираше овие наводи.

Пронајдете не на следниве мрежи: