Тина Иванова разрешена од директорка на Филхармонија, „откриени“ низа неправилности и несовесно работење?

Тина Иванова,  директорката на Националната установа „Филхармонија на Македонија” е разрешена од страна на Комисија при Министерството за култура, како и сите членови на Управниот одбор на установата. 

Според  Законот за користење и располагање со стварите во државна и општествена сопственост, директорката Иванова требало да постапува совесно, економично, соодветно, уредно, навремено, како и при склулување на договори за издавање на Филхармонијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 07.05.2023 година, но и при издавање простории на економскиот оператор Бока Бистро.

Комисијата открила низа неправилности се наведува во образложението според кое министерката Костадиновска-Стојчевска ја разреши Иванова и целиот Управен одбор. Иако било обврска според договорот, не постојат пишани записници и докази дека закупецот ВМРО-ДПМНЕ ја исполнил обврската од договорот да ангажира најмалку четири лица од редот на вработените на Филхармонија (светло мајстор, тонец, инжинер и координатор), како и 10 лица за обезбедување, уште еден тонец, шест лица за распоред, две лица за сценска техника и три лица за хигиена кои не е задолжително да се од редот на вработените.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.