Тинејџер во Кочани правел забава додека требало да биде во самоизолација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Т.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Пријавениот, на 17.10.2020 во својот дом во Кочани организирал прослава на која присуствувале поголем број лица, иако бил должен да ја извршува мерката изолација во домашни услови, со издадено Решение на 14.10.2020 од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.