Полицијата во средата вечерта приведе 17-годишник во Елмшорн, под сомнение дека планирал да изврши терористички напад за време на божиќниот пазар и да убие луѓе со камион.Медиумите наведуваат дека станува збор за тинејџер со германско-турско потекло . Полицијата ги прегледала неговите комуникации и нашла вознемирувачки информации, по што тој бил лоциран и уапсен.Според информациите на Билд, малолетникот смета дека зад сè стојат исламисти.Предупредување дека може да има напад дојде до германските разузнавачи од американски колеги.– Можеме да потврдиме дека водиме истрага, а поради сомнение дека уапсениот планирал да изврши кривично дело, со цел да предизвика смрт на поголем број лица – соопшти обвинителството.
Пронајдете не на следниве мрежи: