Тихомир Бачовски – замина во вечноста              

Со делата кои ги остави зад себе тоа место и навистина го заслужи. Познатиот македонски режисер, кој утрово во својот дом ненадејно почина на 68-годишна возраст со филмот за првпат се соочи во далечната 1966 година. Веќе наредната и годината по неа како кино – аматер освои повеќе награди за режија ширум поранешна СФРЈ. Тука пред се мислиме на наградите за режија на аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград.
Својот професионален режисерски ангажман Бачовски го започнува во МРТ во 1997 година, каде утре во 10 часот и ќе се одржи комеморативна седница, по што на Градските гробишта во Бутел од него ќе се простат како најблиските така и почитувачите на неговиот богат творечки опус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.