Тијана Дапчевиќ извлече неочекуван детаљ од приватноста на Карлеуша

Српската поп дива Јелена Карлеуша по многу години беше на гости во Македонија по повод настапот во една скопска дискорека.
Оваа прилика ја искористи нејзината колешка и пријателка Тијана Дапчевиќ која ја повика како гостинка во својата емисија.
Во интервјуто кое траеше еден час, Карлеуша како и секогаш без влакна на јазикот проговори за со кого не се сака на српската естрада, на кого му простила и кому никогаш нема да му прости, а тоа секако беше Цеца Ражнатовиќ со која војуваат долги години.
Меѓу останатото Тијана не пропушти да ја праша и за бракот со Душко, а на тоа се надоврза и темата љубомора.


Јелена неочекувано откри дека Душко е љубоморен сопруг, а пак таа бидејќи тој е таков му возвраќа во иста мера.
-Знаете, еве сега ќе мора да се фотографирам и да му пратам фотографија каде сум и што правам, се пошегува таа.
Домаќинката пак додаде дека љубомората е оправдана кога е во нормални граници, а Јелена го потврди истото

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.