ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ НИКОГАШ ПОСЛАБА: Пејачката исфрлила САМО 3 намирници од исхраната, ослабела повеќе од 40 килограми

Тијана Дапчевиќ (45) денес може да се пофали со витка линија, но во еден момент од животот тежела дури 115 килограми. Пејачката вели дека по породувањето имала 45 килограми вишок, но открила и како успеала да ослабе.
Тијана изјавила дека чувствува глад речиси 24 часа и дека се хранела нездраво.
– Буквално носев друга личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто околу тоа. Сепак, почнав да губам тежина дури кога сфатив дека не ми треба каква било диета, туку да го сменам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна затнување во главата кога ќе се спомне зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не, изјави пејачката.
Колку точно ослабела сè уште не е познато, бидејќи последната информација на почетокот на пролетта беше дека ослабела 45 килограми. Да потсетиме, вишокот килограми и биле најмногу за време на бременоста, а со диета почнала во 2015 година. Потоа се одлучила на диета со липосукција, а денес е поддржувач на здрава исхрана и редовни тренинзи.
Денот и започнува со овесна каша со чиа семе и црвено овошје, за ручек најчесто јаде мисирка со зеленчук, додека за вечера јаде салата.
– На почетокот имав криза, но дадов се од себе за да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, често се опуштам и се дебелеам, изјави Тијана.
Самата вели дека во исхраната воопшто нема брашно, шеќер или млеко. Затоа некои прашуваат – дали Тијана успева да си обезбеди доволно калории?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.