Пејачката Тамара Тодевска се породи денес со своето второ дете и на свет го донесе синот Дарен.
Таа на социјалните мрежи ја објави првата фотографија со синчето.
На Инстаграм се огласи и гордата тетка, Тијана Дапчевиќ, која вели дека внукот личи на неа.
– Радооооооооооост!!! Станав тетка по втор пат. Добредојде Дарен, да си здрав, среќен и насмеан форевер, те сака кека!!!! Мајка Тамара ти честитам и те сакам. Извини Мачка ама детето личи на мене, честито татооооо- напиша среќната тетка, познатата Тијана Дапчевиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: