Ти си прекрасна и заслужуваш вистинска љубов

Еј ти! Да, ти, тебе ти зборувам: Никогаш не заборавај колку си важна!
Ти си прекрасна личност која се грижи за луѓето и ја заслужува истата таа посебна и вистинска љубов. Немој да се заљубиш до уши во некој кој се однесува како да си обична.
Да, твоето срце е растргнато на милион мали парченца и твојата душа е скршена, но верувај ми дека си силна! Немој да се помируваш со нешто што не заслужуваш, не ги отстранувај скапоцените камења од твојата круна.
Ти заслужуваш да бидеш почитувана, да бидеш сакана и заслужуваш некој кој ќе се грижи за тебе. Заслужуваш некој кој ќе те потсети дека секој дел од тебе е убав. Некој кој заедно со тебе ќе го гледа ѕвезденото небо под месечината.


Ти заслужуваш некој кој е искрен и кој никогаш не би го лажел твоето чисто и недолжно срце.
Ти заслужуваш некој кој не сака да те промени, туку ќе те прифати и ќе те обожава онаква каква што си. Некој кој ќе види совршенство во твоите несовршености. Заслужуваш цвеќиња на твојот праг. Заслужуваш свежо утринско кафе. Заслужуваш чоколадо за кога си тажна. Заслужуваш да бидеш среќна.
Заслужуваш некој кој никогаш нема да биде презафатен за да одговори на твоите пораки. Некој кој секогаш ќе најде време за да ти се јави само за да го чуе твојот глас. Некој кој ќе откаже планови за да помине време со тебе. Ти заслужуваш некој кој нема да си легне додека сѐ уште ти е лут. Некој кој ќе те бакне после некоја страшна кавга.


Заслужуваш некој кој ќе те прегрне пред да заспиеш. Некој кој ќе се бори за твојата љубов, а не против тебе. Заслужуваш некој кој ќе ти остава слатки пораки на маса. Некој кој ќе види дека некогаш знаеш да бидеш хаотична, но сепак уште повеќе ќе те сака поради тоа.Заслужуваш некој кој ќе биде благодарен што постоиш во неговиот живот. Некој кој ја гледа иднината во твоите очи.
Не заслужуваш половична љубов. Заслужуваш поддршка. Заслужуваш некој кој е сигурен и сериозен во врска со тебе и човек со кој секогаш ќе знаеш на што си. Заслужуваш некој кој ќе ја држи твојата рака и кој ќе остане со тебе дури и кога другите ќе си одат.
Ја заслужуваш љубовта која ја даваш на другите. Заслужуваш да бидеш сакана на начин на кој никогаш не си била сакана.
Да, заслужуваш некој кој ќе ти го подари целиот свет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.