Ти си причината заради која се будам секое утро

Ти си причината заради која се будам и станувам секое утро. Дури и кога капаците на очите ми се потешки од главата. Иако, најмногу би сакала да си поспијам барем до 10 часот, да се напијам кафе и да го поминам половина ден во кревет.
Но, ти, ти си поважна од сѐ.
Тебе сум ти потребна. За тебе, би направила се!
Ти си причината заради која конечно се чувствувам убаво во својата кожа. Иако носам еден број плус од порано. Иако не би рекла дека градите сега ми се совршени и цврсти.
Ти му ја даде смислата на моето тело. На мојот живот.
Ти си причината заради која јас веќе не сум себична. Иако често знам да се пожалам дека со месеци си немам купено ништо за себе. И знам да се нервирам по малку што не наоѓам воопшто време за себе.


Ти ме научи дека во животот постојат и други работи освен „јас“. Твоите потреби сега се на прво место. За тебе, со задоволство, јас не сакам да сум приоритет.
Ти си причината што научив што е трпение. Иако понекогаш ми недостасуваат оние брзи денови кога завршував се со ред. Иако знам да се чувствувам фрустрирано кога не сум ефикасна како што сум замислила. Но, за тебе, немам проблем да забавам.
Заради тебе уживам кога си ја визуелизирам иднината. Иако не постигнувам да заработувам исто како порано. Но, ти си поважна. Тебе сум ти потребна.
Ти си причината заради која немам повеќе безгрижни денови во животов. Дури и кога знам дека не можам да променам ништо или да влијаам некако. Но, ти си скапоцена. За тебе, ќе се грижам засекогаш.
Ти си причината што сум благодарна на секој нов ден. Иако знам да се растажам кога работите не одат како што јас сум замислила. Иако понекогаш знам да се изгубам во обврските.
Ти си ми постојано потсетник дека сум благословена. Ти си светлината на крајот на секој тунел. За тебе вреди да се живее.
Ти си причината заради која срцето ми е полно љубов. Иако го сакам и татко ти повеќе отколку било кој на светот може да си замисли. Иако сум благодарна за животот пред да дојдеш на овој свет.
Ти ми покажа што е љубов. За тебе срцето ќе ми експлодира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.