Ткаење светови: Колекции во разговор

Колекција на уметнички дела од Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде претставена на изложба во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија, на 24 април 2025 година. Изложбата, насловена „Ткаење светови: Колекции во разговор“, ќе содржи 87 дела, претежно од македонски автори, и ќе биде отворена за посета десет месеци. Оваа изложба е дел од програмата за национален интерес на Министерството за култура и туризам на РС Македонија и претставува реципроцитетна размена.
Изложбата ја курираат тим од МСУ-Скопје: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Ива Димовски, Владимир Јанчевски, и Бојана Пишкур од Љубљана. Делата се од различни автори, претежно од поранешна Југославија, но и од други земји како Бразил, Полска, Боливија, и Јапонија. Изложбата силно комуницира концепти за културата и природата, при што акцентот е на делата кои користат природни материјали и кои критички гледаат на еколошките прашања.
Изложбата е поделена во три сегменти: „Заборавен свет“, каде се претставени дела кои користат материјали како земја и волна; „Свет налик“ со инсталации кои рефлектираат на односот кон природата; и „Свет во настанување“, која обединува дела од наивната уметност. Отворањето на изложбата е закажано за 24 април во 20 часот и ќе трае до 8 февруари 2026 година. Понатаму, дел од словенечката колекција ќе биде изложен во Скопје.
Сред делата се и оние на познати македонски уметници како Борка Аврамова, Владимир Аврамчев, Ибрахим Беди и други, како и дела од балкански и меѓународни автори. Целта е да се размислува за етичкото поврзување со природата и за релациите што ги воспоставуваме со околината.
The post Ткаење светови: Колекции во разговор appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: