По првичниот потрес кој траел околу 30 секунди, следувале уште четириесетина афтершокови од кои дел биле со јачина помеѓу 4.2 и 4.4 степени според рихтер..
„Може да очекуваме и во следниот период да има потреси. Не може да се исклучи опцијата да има појак земјотрес но се надеваме дека ќе се стабилизира тлото. Не би требало да има волку голем зеемјотрес но можно е да има неколку со јачина над 5 степени. Голема врска има самиот терен. Тука станува збор за камен и тоа е многу подобра опција отколку да имате растресито тло, како што имаме во Петриње, бидејќи тоа го зголемува ефектот на потресот. Може да се каже дека е среќа во несреќа што земјотресот се случи тука.“ – изјави Томислав Фикет сеиозмолог.
Бесона ноќ за жителите на Херцеговина. Голем дел од нив, вечерта ја минаа во своите автомобили. Во неколку града пријавена е материјална штета. Оштетени се куќи и станбени згради а забележани се и одрони на неколку патиштата кои водат кон Херцеговина.
„Страшно беше. Мислев дека се урна куќата. Слушнав како паѓаат работи надвор и ми беше страв да излезам. Но немав друг избор. Сега не смеам да се вратам назад. Внатре ми останаа сите работи. Се надевам дека ќе ми дозволат да влезам на кратко но мислам дека куќата веќе не е за живеење.“ – изјави Марко Лугоња жител на Љубин.
„Бегавме како да е воена состојба. Страшно беше.“ – изјави жител на Столац.
Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, најави дека општината Љубин ќе добие финасиска помопш во висина од 500 илјади конвертабилни марки за санирање на штетите. Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Албанија.