Најголемиот германски произведувач на челик ThussenKrupp предупреди дека не очекува закрепнување на светската економија во оваа година и воедно извести за 38-отстотен пад на основната тримесечна добивка поради падот на цената на челикот и слабиот пазар на автомобили.
Во фискалното тромесечје до декември, ThussenKrupp забележа пад на прилагодената добивка пред камати и оданочување (ЕБИТ) на 229 милиони евра, што се поврзува со 71-остотниот пад на добивката во европското работење со челик.Нето добивката на компанијата се намалила за 29 отсто, на 29 милиони евра.Компанијата очекува дека за целата фискална година прилагодениот ЕБИТ ќе биде повеќе од половина намален, од 2,29 милиони евра остварени во претходната година. Вкупните приходи се очекува да стагнираат на 40 милиони евра.Производителите на челик тешко работат на европскиот пазар кој забрзано се намалува, со оглед на намалената побарувачка за автомобили и градењето на нови згради, што се должи на мерките на штедење. Во оваа година се очекува дополнителен пад на побарувачката.
Макфакс Најголемиот германски произведувач на челик Thusse