Американската актерка Кели Ментл, која гостуваше во серијата „Модерно семејство“ како драг кралица во епизодата „Последната Ноќ на вештерките“ од 2019 година, го сподели своето искуство со работа со Софија Вергара.
„Тоа не беше најпријатното искуство“, започна Кели.
„Таа беше груба кон персоналот“
Актерката ја опиша Вергара како „најгрубата славна личност“ што некогаш ја запознала и рече дека Софија се однесувала со својот персонал на снимањето „на многу непријатен начин“ и дека „доживеала нервен слом поради перика“. Ментл се присети на наводниот инцидент во кој Вергара се спротивставила на носењето шноли кои требало да ја држат нејзината перика на место.
„Во таа епизода таа носи перика и сакаа да стават шноли во неа, а таа им велеше дека не сака шноли“, рече Кели Ментл.
Според неа, тензијата ескалирала кога Ментл, која требало да ја стави круната на главата на Вергара за време на сцената, наводно случајно ја вознемирила актерката. „Требаше да и ставам круна на периката, а таа почна да вика дека морам да се грижам за периката. Си помислив: „Па, девојко, требаше да ги ставиш тие шноли на главата“, се присетува Кели.
“Само ќе кажам дека можеби имала лош ден, бидејќи е урнебесна, убава, талентирана и прекрасна. Сигурна сум дека тоа беше лош ден”, заклучила актерката.