Токму сега и дојде до тоа: Карлеуша се менува, ќе прави естетски корекции

JK USRED SEKS SKANDALA IDE POD NOŽ: Karleuša će imati ovaj ESTETSKI zahvat, a evo zbog čega je tako ODLUČILA!
По настапот во Србија Јелена Карлеуша, наводно, ќе отпатува во Истанбул, во најпознатата клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
– Јелена ќе ги корегира своите силиконски гради, но се уште не одлучила дали само ќе ги замени старите инплатанти со нови или, пак, ќе прави операција “трансфер на масти“, во што турскиот лекар е најдобар, раскажа извор близок на пејачката.

– Докторот најпрво им прави липосукција на пациентките, односно им вади маст од делови на телото каде најмногу ја имаат, а потоа истата таа маст им ја вбризгува во градите, со што ги зголемува. Исто така, на тој начин тие изгледаат поприродно, а оваа метода е поздрава за жената затоа што во организмот не става страно тело во вид на силикон кој е синтетички материјал, изјави изворот близок до во моментов најпопуларната пејачка.
Докторот, исто така додава, дека ако Јелена се согласи на тој вид на зголемување на градите, истовремено ќе се ослободи од вишокот на килограми кои ја оптоваруваа во последно време и заради што беше несреќна.

– Нејзе маст би и се земала од задникот и колковите, затоа што таму најмногу ја има. Така би го намалила обемот, кожата би и била позатегната и без напорни тренинзи, што за Јелена е многу важно затоа што не поднесува теретана и физичка активност. Исто така, додека престојува во клиниката ќе го освежи лицето со мезотерапија и хијалуронски филери, а докторот ќе процени дали и е неопходен и ботокс, вели изворот.
Имајќи во предвид дека естетските зафати се многу скапи, а пејачката на социјалните мрежи е многу популарна, само на Инстаграм во моментов има два милиони следбеници, сопственикот на турската клиника на Карлеуша и понудил компензација. Таа да ги рекламира, а за возврат да добие бесплатни естетски зафати.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.