Толку од февруарската пролет-од утре дожд

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат-во Скопје 12, Крива Паланка 8, Берово и Маврово 7, Охрид и Битола 10, Кавадарци 13 и Дојран 14 степени степени Целзиусови.
Утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините на запад со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе опаднат во однос на денешните, па во Скопје ќе имаме 6 степени, Маврово 2, Охрид и Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 9 и Дојран 11 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.