Толку се напи што мораше Брза помош да ја извади: Познатата манекенка направи скандал

Кога Кардашијанки слават, тоа дефинитивно е случување за кое се зборува со денови. Кајли Џенер неодамна го прослави својот 21 роденден, а при таа прилика направи прослава за паметење.
И додека сестрите популарни ријалити ѕвезди изгледаа беспрекорно, една од гостинките не беше во потполно присебна состојба.
Веста дека мистериозна блондинка е изнесена од журката ја виде светот со голема брзина, а нејзиниот идентитет беше тајна се досега. Скандалот кој се одигра во ноќта на прославата многу ги погодил Кардашијанови, но и многубројните фанови на познатите ѕвезди.
Станува збор за Инстаграм фитнес моделот Тами Хемброу, која е позната како добра пријателка на Кардашијани. Мајката на две деца има околу девет милиони следачи на Инстаграм, а својот углед го доведе во прашање со своето однесување на забавата на Кајли Џенер.

Папараците ја фотографираа Брзата помош како ја изнесува славната инфлуенсерка со лицето свртено кон доле, а странските медиуми шпекулираат дека тоа е поради тоа што повраќала. По неа одеше Кејтлин Џенер со својата девојка со запрепастено лице.


Тами после оваа ноќ се огласила со фотографија, а нејзините револтирани фанови открија дека сите членови на семејството Кардашијан престанале да ја следат на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.