Томас Вајц во Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во посета македонија на средба со преставници од владата.

На средбата бил координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, вицепремиерот Беким Сали и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Според соопштението, на средбата била изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската унија и Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за поддршката на реформската агенда насочена кон зајакнување на владеењето на правото, демократијата и институционалната стабилност.

– Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција. Посебен акцент беше ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди. – напиша Мицкоски на фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: