“Бојкотирам. Ваков ден се слави со пријатели, а не со душмани, Зоране“, напиша синоќа актерот Тони Михајловски по повод прославата на 8 Септември-Денот на независноста, која ја најави премиерот .
За потсетување, одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, годинава ќе се одвива под мотото “Боите на независноста“ и заедничката прослава ќе се одржи во Градскиот парк, пред Школка. По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, Владата на Република Македонија, ги кани сите граѓани на заедничко чествување в недела, во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата е со почеток во 11:00 часот.