Тони Михајловски: “Чистката“ на Заев е театар за народот

Најавената кадровска “чистка“ која ја најави премиерот Заев нема да се случи, убеден е Тони Михајловски синоќешниот гостин во емисијата “Отворено на АЛФА“. Народот гласал за негова „чистка“, но тој пробал да го промени значењето на пораката, смета тој.
– Заев не најави ништо. Заев направи театар за широки народни маси. Заев доби шлаканица, прво. Тоа е основното што му се случи. Од народот, од оние што му веруваа во предизборието кога ветуваше дека нема да се случи ништо од ова што се случи, што го испорача. Даваше гаранции кај претседателот, на кои се поплука апсолутно и народот му возврати. Ова според мене, беше казна за него, за лошата надворешна политика на Република Македонија. Тој театар со метлата е нешто веќе видено во политичките кругови, реконструкции и друго. И да направи, не верувам дека имаат подобар кадар од ова што досега го испорачаа, што значи дека може да одат само во надолна линија, во смисла, кога би ги замениле овие луѓе. Тоа како работат овие луѓе е повеќе од очигледно.
Најверојатно метлата што ја доби од народот сакаше да ја искористи за чистење кај него по дома. Метафорички гледано, мислам дека народот сега само ги исчисти прозорците, а ако се биде како што треба, во вториот круг треба да има една убава генералка, така да мислам дека метлата може да му служи евентуално да се премести од дестинација до дестинација, а тоа е од Владата, до некое друго место, најверојатно на Бихаќка.
Не верувам дека ќе направи нешто конструктивно, затоа што јас не му верувам на ниту еден збор што ќе го каже. Може некој ќе ми го земе тоа за зло, но имам преку 20 примери, јас и граѓаните, во кои тој едно кажува, друго мисли, трето испорачува. Тоа е еден степен кој професорката Силјановска го дефинираше како „Кажувам, заборавам, негирам“ или „Кажувам, негирам, заборавам“, како и да е распоредот. Свесен за тоа дека народот му испорача метла, му прати порака дека треба да си оди, дека не му е местото таму каде што е, тој ја преиначи таа своја метла, порачувајќи дека наводно се освестил. замислете една Влада по две и пол години да каже, добро до сега се занимававме со некои минорни работи, од сега навистина ќе се заангажираме со она што навистина ги тангира граѓанит“. Тоа е дефинитивно уште една од неговите лаги. За две и пол години се испорачуваат резултати и во економија, и во образование и во здравство. Во сите сегменти од животот. Тие таму не испорачаа. Испорачаа само еден Преспански договор и еден Протокол за старт на НАТО, кој се уште е неизвесен, бидејќи еве сега гледаме дека и Турција поставува некои свои услови за да се изгласа тоа наше евентуално влегување во НАТО. Мислам соочен со бездната во која треба да пропадне, проба да глуми дека е освестен и дека ја разбрал пораката, рече Михајловски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.