Топлина Подмолје ќе лапне 1,7 МИЛИЈАРДИ денари за ископ на јаглен!

Топлина Подмолје ќе лапне нови речиси 1,7 МИЛИЈАРДИ денари и тоа за ископ на јаглен и јаловина во ПК Брод Гнеотино, односно РЕК Битола. Денеска на веб-страницата на ЕСЈН беше објавен договорот кој е склучен на 07.04.2025 година.

Во тендерската документација ЕСМ бара банкарска гаранција од 5% од понудувачите.

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба ,инималниот годишен приход на ЕО да не биде помал од 350.000.000,00 ден. во последните 3 (три) години – (2023, 2022, 2021 година).

Дополнително, за да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

Потребната техничка и професионална способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку доставување на :

Услов 1: Економскиот оператор да има извршено:

Најмалку 1 (една) извршена услуга за ископани количини на земјени или карпести маси или јаглен или руда во износ од минимум 600.000 м3 во последните 4 (четири) години. За последни 4 (четири) години се смета периодот од денот на јавното отворање па наназад.

На повикот се пријавиле само две компании, Трговско друштво за градежништво, производство, трговија и услуги – ТОПЛИНА – увоз-извоз ДООЕЛ с.Подмолје, Охрид и Друштво за производство, трговија, услуги и транспорт МИС-КОМЕРЦ Митко ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.

Договорот е потпишан од управителот на Топлина, Митрески Ќирче и директорот на РЕК Битола, Тони Петрушевски, како и неколкумина останати службеници во РЕК Битола.

Инаку, за управителот на Топлина Подмолје во јавноста се шпекулира дека има блиски релации со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: