Неделава поголемиот дел од Европа ќе биде зафатен од екстремно топло време. Пеколниот топлотен бран се очекува во Германија, Франција, Италија, Шпанија и Британија со што го става западниот дел од европскиот континент во виолетова фаза.
Метеоролозите најавуваат пеколни температури низ Европа. Германската метеоролошка служба најави дека топлотниот бран наречен ,,Ула” ќе донесе темпрература од 38 степени. Се очекува најтопло да биде во среда со 39 степени во околината на Франкфурт , а до 40 степени во другите јужни делови. Апсолутниот температурен рекорд во Германија бил постигнат на 7. август 2015 година во баварскиот град Кицинген со температура од 40,3 степени.
И француската метеоролошка служба најави пеколно време , што се очекува во централниот и источниот дел на земјата , каде се очекуваат 40 степени. Во Париз градските власти поставија дополнителни места за вода за пиење.За загрозените лица ќе бидат отворени базени и климатизирани простори во попладневните часови.
Италијанската метеоролошка служба издаде предупредување за ,,експлозивни температури” во северните градови Милано и Болоња со температури над 40 степени.
Во Шпанија се предвидуваат највисоката температура да достигне 42 степени. Кон крајот на неделата европската метеоролошка служба најави и силно невреме на одделни делови од Европа.
Топлотниот бран ќе ги зафати и јужните делови на Европа , се до Грција и Турција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.