Топлото време од Петковден до Митровден се вика Бабино лето: Ако се заплеткавте во мрежа од пајак…

Ако случајно се заплеткавте во мрежа од пајак не се грижете, тоа не е лош знак…
Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од Света Петка до Свети Димитрија) меѓу нашиот народ од дамнина се нарекува Бабино или Бабино лето.
Станува збор за феноменот попознат и во метеоролошката наука дека убавото време може да се задржи дури и’ после „циганското лето“. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зима е карактеристичен за северниот дел на земјината полутопка каде се менуваат четири годишни времиња.Сепак, многу пред научниците, народот знае за Бабино лето. Нашите стари верувале дека ако, во тој период времето е убаво, не очекува јака и долга зима, па ова време им било добредојдено за завршување на работите и подготовките за ладните денови пред нив.


Зошто токму Бабино лето?
И во многу европски јазици овој период има ист назив – во скоро сите словенски, унгарски и балтички јазици. Во германскиот назив „der Altweibersommer” буквално значи „лето на стари жени“.
Симболиката е јасна – ако пролетта се врзува за младост – време на девојки, есента е симбол на старост, доба на стари жени – баби.
Имено, старите веруваат дека ако во овој период се вплеткате во мрежа од пајак тоа е знак на голема среќа и благосостојба.
Оваа пајажина се нарекува и кората на Марија или свилата на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно. Некои велат дека тоа е коса од вештица кои овие денови бајат и фрлаат магија. Други веруваат дека станува збор за предиво на виленици или џуџиња. Има христијани кои веруваат дека тоа се нишките на Богородица.
Сепак, сите верувања се сложни во едно – ако овие денови во косата или облеката ви се вплетка пајажина, никако не ја симнувајте. Не ризикувајте да ги налутите овие битија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.