Веќе се ближи новогодишната ноќ, а вие сега одлучивте омилениот локал да го замените со некое патување низ Европа. Доколку немате идеја, ви препорачуваме 5 европски дестинации кои се најдобри за дочек на новата 2020-та година.
Амстердам
Во срцето на Холандија, Нова година се слави со шампањ, крофни од јаболко и грозје и огромна количина на огномети. После полноќ се преплавени сите барови и улици низ Амстердам од локални жители, но и многубројни туристи.
Барселoна
Типично за шпанскиот стил, прославата почнува покасно отколку што би очекувале. На полноќ, традиција е да изедете 12 црна грозје пред да започне забавата. „Plaça de Catalunya“ и „Las Ramblas“ се најдобрите локации за забава.
Берлин
Берлинците имаат посебна страст за пиротехниката. Илјадници луѓе новогодишната ноќ ја минуваат на плоштадите во градот и ги гледаат живописните огномети.
Будимпешта
Прославата за дочекот на Новата година, во Будимпешта трае три ноќи, од 30 декември до 1 јануари. Во овој град имате можност да бидете дел од многубројниот народ кој новогодишната ноќ ја минува на плоштад, а за време на прославата насекаде се точи шампањ. Во овој период јавниот превоз е организиран во текот на целата ноќ.
Истанбул
Една од најдобрите дестинации кои можете да ја одберете за дочек на Новата година е и турската метропола Истанбул.