Топ 5 градови во кои се прави највкусната пица на светот

Некогаш оброк за сиромашни, а денес едно од омилените јадења во светот – иако Италија е домот на пицата, интересно е тоа што денес само два италијански градови се наоѓаат на листата на градови со најубава пица на светот.
Погледнете ја листата, а доколку се одлучите да посетите некој од овие градови, следат и препораки каде задолжително да пробате пица.
5. Мелбурн

Dear Saturday, we love you like we love pizza!

A post shared by 400 Gradi (@gradigroup) on


Упатете се во срцето на италијанскиот кварт, поточно на улицата Лигон каде е најголема концентрацијата на пицерии во цела Австралија. Инаку, ова е градот со најголема италијанско-австралиска популација, а совршената пица просто “тече низ вените” и кај едните и кај другите. Некои од најдобрите пицерии на светот се наоѓаат токму во Мелбурн, како што се пицериите “Ombra” и “Gradi”.
4. Рим


Вечниот град е исто така место каде се прави една од најубавите пици на светот. Доколку некогаш се најдете во преубавиот Рим, задолжително направете двете паузи за јадење – посетете ги пицериите “Pizzarium” и “Emma”.
3. Њујорк


Малата Италија не е она што беше некогаш, а епицентарот на Мехнетен сè повеќе го потиснува кинескиот кварт. Сè што остана од Мала Италија во Њујорк се наоѓа помеѓу “Canal Street” и “Broome Street”, пренесува “New York Times”. Сепак, овде можете да купите пица за долар на секој чекор. Меѓутоа, Бруклин ја крие вистинската Италија – задолжително посетете ги рестораните “Grimaldi’s Pizza” или “Roberta’s”.
2. Неапол


Неапол е местото каде сè започнало, местото на “раѓањето” на пицата, а триколорот од домати, моцарела и босилек е всушност совршен во овој град. Каде во Неапол има најдобра пица? Задолжително посетете ја пицеријата “Pizzaria La Notiza”.
1. Чикаго


Иако многумина се скептични околу потеклото на пицата од Чикаго, односно сметаат дека овој град не заслужува да се најде пред Неапол, треба да се напомене дека пицеријата “Pizano” ја прави оваа вкусна храна од 1943 година. Пиците со дебело тесто го ставија овој град на мапата, а новите ресторани дури прават пица-пита. Во пицериите ширум Чикаго можете да испробате се што ќе посакате, а “Spacca Napoli” ги има сите видови на пица – дебела, тенка, во облик на пита… на сите можни начини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.