Торнадо беснее во две американски држави: Куќите уништени, мразот бил со големина на бејзбол топка

Невремето кое уништувало куќи и корнело дрва ширум Алабама и Мисисипи се движи кон американските држави Џорџија и Флорида, каде се објавени предупредувања до граѓаните.
Околу 20.000 куќи и компании се без струја и службите за безбедност наведуваат дека две лица се повредени откако торнадото го погодило југозападот на Алабама.
Метеоролозите објавила низа предупредувања за торнадо ширум регионот, каде се граничат Алабама, Џорџија и Флорида.
Урбаниот дел на Атланта е зафатен од силен дожд, проследен со грмотевици и ветар со брзина од 80 километри на час.

Материјална штета од невремето е регистрирана во Луизијана, Тенеси и Мисисипи. Силните удари на ветар корнеле дрва во Тексас, додека на граничната линија меѓу Алабама и Мисисипи пријавен е мраз со големина на бејзбол топка.
На подрачјето на Аабама надлежните примиле 17 пријави за торнадо, а процената на штетата допрва треба да уследи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.