Торнадо во Италија – денот стана ноќ, објавени се снимки

Италија денеска беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки.
Силна бура со екстремни појави како виор и топки град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето – во периодот од синоќа до денес.

Утрово торнадото пристигна во североисточниот дел на Милано.
Пожарникарите извршиле околу 110 интервенции на поплави, урнати покриви и соборени дрвја по силното невреме, пишува „Кориера дела сера“.

Ветрот собори дрвја, град оштети автомобили и покриви, а патиштата беа поплавени. На два покрива избувнал пожар и тие биле погодени од гром. Засега нема информации за жртви.
Како што може да се види на мапата за следење, невремето се движи кон Словенија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.