Тортиља со пилешко и зеленчук: Подготовката трае не повеќе од 15 минути, а се топи во уста

Тортиљите се многу популарни во Македонија во последниве години, а можат да се јадат во секое време од денот бидејќи не паѓаат силно, а во исто време се многу заситувачки. Готовите тортиљи може да се најдат во секој маркет, а на вас е да го изберете филот.  Тортиљите со пилешко се една од попопуларните варијации на јадењето. Еве како да ги подготвите за само неколку минути.

Состојки:

8 тортиљи

250 г пилешко филе исечено на стапчиња

1 мала краставица исечена на тенки стапчиња

1 црвена пиперка исечена на тенки стапчиња

1 црвен кромид исечен на ребра

200 г сирење

Сол

пиперка

1 лажица масло

За сервирање: сезонски салати, крем сирење, мајонез, кечап, сенф…

Подготовка:

Посолете го пилешкото и пржете го во тава на врело масло додека убаво не порумени. Изрендајте го сирењето. Наредете го пилешкото, кромидот, пиперката, краставицата и сирењето во тортиљи и малку сос по желба и по вкус. Замотајте ја тортиљата и изедете ја со сласт…

УЖИВАЈТЕ!
The post Тортиља со пилешко и зеленчук: Подготовката трае не повеќе од 15 минути, а се топи во уста appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: