Тортура продолжува

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано продолжение на рочиштето за предметот „Тортура“, во кое се обвинети поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, а во врска со апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Според обвинителството, полицајците спротивно на уредбата за средства за присилба, употребиле прекумерна сила и закани при приведувањето на Бошковски во 2011 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.