Тоти за историја, Рома до нова победа

Екипата на Рома ја совлада Џенова со 3:1, во последниот натпревар од 27.коло во Серија А.

Натпреварот мина во знакот на Франческо Тоти, кој го постигна својот 225 гол во Серија А, со што на вечната листа, на второто место се израмни со Гунар Нордал. Капитенот на Рома, првиот гол го постигна од пенал во 16.минута, Џенова на ист начин израмни преку Марко Бориело во финишот на првото полувреме. Сепак, во второто полувреме, Рома стигна до победата со головите кои ги постигнаа Алесио Рамањоли и Симоне Перота. Џенова мечот го заврши со играч помалку, во 78.минута црвен картон доби Јурај Кучка.
Макфакс
Екипата на Рома ја совлада Џенова со 3:1, во последниот натпревар од 27.коло во Серија А.

Пронајдете не на следниве мрежи: