Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.
Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.
Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.
Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.
Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.
Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.
Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.
Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.
Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.
Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.
За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.
Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено – исто како во војната.
Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа.
Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат.
За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!
Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва… Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.