Во ова село живеат голем број Македонци и предлогот за улицата веќе е стасан до Собранието на град Панчево и наскоро треба да се усвои, пишуваат српските медиуми.
На овој начин жителите на селото сакаат да му се одолжат на Проески.
Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе биде именувана по македонскиот пејач.
Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска. Имаше 26 години.