Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ги посети полициските службеници утрово кои работат на сузбивање голема криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.
Македонската полиција работи и во недела. Утрово ги посетив полициските службеници во ЕВР Ѓорче Петров, каде одблиску се запознав со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција, напиша Тошковски.
Инаку акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава, заклучува министерот за внатрешни работи.